ЕХФ одложи уште една средба во Лигата на шампионите!

Европската ракометна федерација ојави дека се одложени два натпревари од третото коло во женската Лига на шампиони.

По дуелот меѓу Крим и Есбјерг, за кој се знаше дека ќе биде одложен, но се чекаше официјална потврда, ЕХФ го одложи и натпреварот меѓу ЧСМ Букурешт и Ростов Дон.

Во словенечкиот првак, беше откриен еден позитивен случај на Ковид-19, па цела екипа мора во изолација.

Ист е случајот и со рускиот шампион Ростов Дон, каде што не е објавено колку позитивни членови има, но и тие се во изолација, па не може да патуваат во Букурешт.