ЕХФ одлага уште еден натпревар од Лигата на шампионите

Покрај дуелот меѓу Вардар и Елверум од ЕХФ најверојатно ќе одложат уште еден натпревар откако еден клуб имаше позитивен член на делегацијата поради што целиот клуб сега е ставен во десетдневен карантин.

Се работи за тимот на Крим Меркатор. На враќање од Русија преку Франкфурт морале да бидат направени тестови на аеродромот каде што едно лице било позитивно на коронавирусот. Не е сооштено дали се работи за некоја од ракометарките или самоза член на експедицијата, но сосема извесно е дека поради тој еден позитивен случај ќе биде одлоќен натпреварот против Есбјерг кој е предвиден за следниот викенд.

Комплетниот тим на Крим Меркатор е веќе во изолација. Тренинзите сепрекинати и воопшто не се работи и така ќе биде во слендите десет дена.

Според протоколот кој е наложен за натпреварите од европските купови мора да се направи тест пред заминување на натпревар, а така беше и сторено од страна на членовите на Крим Меркатор. Сите беа негативни пред дуелот со Ростов Дон, а сега поради контактот со заразено лице мора да има десетдневен карантин.

Во Крим Меркатор се разочарани поради ова бидејќи конечно успеаја да го кренат нивото на игра односно имаа одлични резултати. Од гостувањето кај Ростов Дон се вратија со освоен бод.