ЕХФ на шега потегна петиција Лазаров да шутира последен пенал (ФОТО)

Македонскиот ас Кире Лазаров покрај тренерската улога, на ова Европско првенство требаше да го игра и последното како играч.

Блогот „Uniformed Handball Hour“, кои го водат соработниците на ЕХФ, Крис О’рејли и Брајан Кампион на шега покренаа петиција за Лазаров да влезе во игра на мечот со Данска.

Тој не е дел од записникот за вечерашниот натпревар, но може да има промени на еден час до почетокот.

Натпреварот меѓу Македонија и Данска се игра вечерва во „Феникс Арена“ со почеток во 20:30 часот.