ЕХФ Куп: Две изненадувања во Шпанија во еден ден

Во рамки на 3. коло од ЕХФ купот имаше неколку изненадувачки резултати на средбите кои денеска беа одиграни.

Екипата на Горење направи изненадување и со пресврт во вториот дел стигна до победа на гостувањето во Шпанија кај Адемар Леон со 26:23. Домашниот тим имаше постојано водство во првиот дел и контрола на резултатот, но на полувреме имаше само минимална предност 14:13. Во вториот дел тимот од Велење имаше значително подобро издание што беше доволно за победа.

Бенфика долго го кршеше отпорот на полскиот Гвардија Ополе. На полувреме имаше само два предност 14:12, а во завршниот дел стигна до поубедлива победа. Борко Ристовски поради повреда не беше во составот на Бенфика и на овој натпревар.

„Лисиците“ од Берлин претрпеа пораз на гостувањето кај Ла Риоха, додека Ним славеше кај Холстебро со 30:28. Единствен натпревар без победник од вечерешниве беше дуелот во Унгарија помеѓу Татабања и Екс ан Прованс кој заврши 24:24.

КУП НА ЕХФ

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО

ГРУПА А

БЈЕРИНГБРО – МЕЛЗУНГЕН      35:31

Хансен 9, Маркусен 6, Нодесбо 5 – Кун 9, Хефнер 5, Мариќ 4

БЕНФИКА – ГВАРДИЈА ОПОЛЕ          29:24

Ѓорѓиќ 9, Маркес 5, Мореира 3 – Мауер 8, Зарзицки 6, Џилакиевич 4

ТАБЕЛА: 1. Бенфика 6 бода (91:74); 2. Бјерингбро 4 (91:93); 3. Мелзунген 2 (83:85); 4. Гвардија Ополе 0 (74:87).

ГРУПА Б

ХОЛСТЕБРО – НИМ         28:30

Мекленборг 8, Поруп 6, Ендерлајт 4 – Хишам Санад 9, Тоби 6, Пранди 5

НЕДЕЛА, 23 ФЕВРУАРИ

12:00ч

КУЕНКА – РАЈН НЕКАР

ТАБЕЛА: 1. Рајн Некар 4 бода (67:58); 2. Куенка 3 (58:56); 3. Ним 3 (90:89); 4. Холстебро 0 (82:04).

ГРУПА Ц

АДЕМАР ЛЕОН – ГОРЕЊЕ        23:26

Гутиерез 3, Фернандез 3, Лопез Алварез 3 – Кавчиќ 5, Вердинек 5, Целминс 4

НЕДЕЛА, 23 ФЕВРУАРИ

17:00ч

НАНТ – МАГДЕБУРГ

ТАБЕЛА: 1. Нант 4 бода (69:56); 2. Магдебург 4 (63:53); 3. Горење 2 (80:90); 4. Адемар Леон 0 (78:91).

ГРУПА Д

ТАТАБАЊА – ЕКС АН ПРОВАНС       24:24

Анчин 6, Комогоров 4, Врањеш 4 – Гони Леоз 5, Хонрубија 4, Кавтичник 3

ЛОГРОЊО ЛА РИОХА – ФУКСЕ БЕРЛИН   26:25

Јуниор 7, Кукиќ 6, Баленцијага 5 – Холм 8, Копљар 5, Кабезон 3

ТАБЕЛА: 1. Татабања 4 бода (77:76); 2. Фуксе Берлин 3 (77:76); 3. Логроњо Ла Риоха 3 (80:80); 4. Екс ан Прованс 2 (76:78).