ЕХФ ги смени судиите за дуелот Тримо Требње – Еурофарм Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер утревечер од 20:45 часот го игра натпреварот од Групата Д од Лигата на Европа против составот на Тримо Требње.

Битолчани гостуваат во Словенија каде што ќе имаат нова тешка задача, а на овој натпревар јасно е дека ќе мора да биде даден максимумот.

Пред оваа средба од страна на ЕХФ беше направена една измена. Судиите од Хрватска, Циндриќ и Гонжурек нема да го судат овој натпревар.

На нивно место се делегирани Александар Јовиќ и Недим Арнаутовиќ од БиХ. Делегат на натпреварот останува Словенецот Јанко Пожежник.