Еурофарм Работник ќе и гостува на Металопластика во „ручек време“

Ракометарите на Еурофарм Работник ги чека нова средба во Лигата на шампионите против словачкиот Татран Прешов, а потоа ќе стартуваат и обврските во регионалната СЕХА лига.

На 5 ноември, битолчани ќе го пречекаат Мешков Брест, а потоа ќе одат на гостување во Лисабон кај Спортинг на 9 ноември.

Дуелот со Металопластика беше првично закажан за 11 ноември, но момците на Стевче Алушовски ќе можат помирно да се вратат од Портгугалија, со оглед на тоа што нема веднаш да ги чека натпревар.

Овој натпревар има нов термин, а тоа е 23 ноември, сабота од 13:00 часот во спортската сала во Шабац.