Еурофарм Пелистер 2 со супер второ полувреме за победа против ГА КЛ 7

Вториот тим на Еурофарм Пелистер 2 тргна со победа на турнирот во Прилеп откако против составот на ГА КЛ 7 забележа победа од 31:25

На овој дуел беа одиграни две различни полувремиња. Во првите 30 минути имаше израмнет ракомет во кој и прволигашот успеа да покаже многу повеќе. Постојано имаше резултатска неизвесност и постојано се бараше гол повеќе.

Во една ваква игра вокоја и двата состави беа речиси израмнети на одмор се замина со голе предност за тимот на Голден Арт од 13:12, па тоа беше најава за уште поинтересно продолжение.

Сепак, откако десетина минути имаше неизвесност, во вториот дел ракометарите на Еурофарм Пелистер ја презедоа иницијативата и стигнаа до предност. Успеаја да го имаат водството и да го контролираат така што во поголемиот дел од второто полувреме предноста се зголемуваше.

Квалитетот дојде до израз во завршницата така што на крајот резултатот беше 31:25 што беше одраз на случувањата на теренот.

Со ова Еурофарм Пелистер 2 најави дуел против Дубочица за првото место во Групата Б, додека ракометарите на ГА КЛ 7 утре против Струга ќе се борат за 5. позиција во првиот натпревар на програмата од 9 часот.