Еурофарм Пелистер 2 налета на австрискиот вицепрвак!

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 го доби противникот за првото квалификациско коло во Лигата на Европа.

Избраниците на Александар Јовиќ ќе се соочат со незгодниот тим на австрискиот вицешампион Алпла Хард.

Првиот натпревар ќе се игра во на 27/28 август во Австрија, додека реваншот ќе се одигра една недела подоцна на 3/4 септември во Битола.

Вториот македонски претставник Бутел Скопје својот ривал ќе го дознае на 6 септември, додека третиот Еурофарм Пелистер има директно место во група.