Еурофарм Пелистер ќе се соочи со Загреб на 1 јуни

До крајот на регуларниот дел од регионалната СЕХА лига останува да се одиграат уште два меча во кој партиципира хрватскиот првак Загреб. „Плинарите“ ќе се соочат со Металопластика на 25 мај, додека со Еурофарм Пелистер ќе играат на 1 мај.

Тоа значи дека вардарци своите дуели од осминафиналето со тимот од Шабац ќе ги одиграат на почетокот на јуни, со оглед на тоа дека српскиот тим има густ распоред во домашниот плеј-оф.

Ако Загреб победи против Металопластика, тогаш дуелот во Битола против Еурофарм Пелистер нема да има значење во поглед на позициите – Загреб ќе биде прв, а македонскиот тим втор.

Второто место носи двобој во четвртфиналето против Мешков Брест, а Загреб ќе оди на Вардар во истата фаза, ако претходно вардарци ја елиминираат Металопластика.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПАРТИЗАН00000
2ТАТРАН00000
ПозЕкипаНПРЛБ
1ВОЈВОДИНА00000
2НЕКСЕ00000

СЕХА лига, осминафинале

Војводина – Татран Прешов
Металопластика – Вардар

СЕХА лига, четвртфинале (проекција)

Еурофарм Пелистер – Мешков Брест
Нексе – Веспрем
Металопластика/Вардар – Загреб
Татран Прешов – Мотор

СЕХА лига, полуфинале (проекција)

Еурофарм Пелистер/Мешков Брест – Металопластика/Вардар/Загреб
Нексе/Веспрем – Татран Прешов/Мотор