Еурофарм Пелистер со Хендави против Магдебург

Египетскиот репрезентативец Карим Хендави ќе биде во ростерот на Еурофарм Пелистер за реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на Европа.

Битолчани загубија на првиот меч на домашен терен со 24-32 и имаат мали шанси за пласман во следната фаза.

Единствената промена во составот кој играше против Магдебург и Вардар во плеј-офот ќе биде Хендави на местото на Благојче Трајкоски.

Натпреварот меѓу Магдебург и Еурофарм Пелистер се игра утре во „Гетек аРена“ со почеток во 18:45 часот.