Еурофарм Пелистер со минус два на одмор против Тримо Требње

После првите 30 минути на дуелот меѓу Тримо Требње и Еурофарм Пелистер резултатот е 14:12, а тоа беше и разлика која тимот од Словенија ја имаше во најголем дел од полувремето.

Натпреварот тргна со просечна игра во нападот и на двете страни. Немаше многу голови, а во една таква игра составот на Тримо Требње успеваше да го диктира темпото односно да биде во предност од самиот почеток.

После три минути домашните имаа 2:0, а Еурофарм Пелистер брзо успеа да израмни на 2:2. Сепак, одново следуваа два гола од домашниот состав и потоа неколку минути се одржуваше ова водство. Од 12. до 16. минута Еурофарм Пелистер не прими гол, а постигна три и тоа беше најдобриот период од почетокот на средбата за битолчани доволен за прво водство од 5:4.

Меѓутоа, не одеше најдобро бидејќи многу од топките беа запрени од голманот на Тримо Требње, Александар Томиќ, кој брзо собра 7-8 одбрани. Тој го одржуваше тимот на Тримо во водство и тука беше една од причините поради кои домашните беа во постојана предност. Покрај тоа и нападите на битолчани беа избрзани така што многу лесно се дозволуваше противникот да казни за секоја од грешките.

При една таква игра во 26. минута Тримо Требње дојде до 12:8 и ова беа највисоките четири гола разлика кои не покажуваа ништо добро за тимот на Еурофарм Пелистер. Сепак, она што беше лошо дотогаш го поправија за две минути. Добра одбрана и сигурна реализација донесоа намалување на еден гол разлика со серија од 3:0.

Во првото полувреме најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер е Маџовски со три гола, а по двапати прецизни беа Кушан, Велковски, Мандалиниќ и Радовиќ. Еден гол постигна Вегар. Во Тримо Требње најефикасен е Турчинот Сарак со три гола.