Еурофарм Пелистер со минимален пораз од Партизан

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер загуби на пријателскиот натпревар кај српскиот Партизан со минимални 31-30.

Ова беше втор контролен натпревар за битолчани во подготвителниот период пред стартот на новата сезона.

Еурофарм Пелистер по дуелот во Белград продолжува во босанскиот град Добој, каде што ќе игра на ТВ турнирот на шампионите од 14 до 18 август.

Пред официјалните натпревари, битолчани ќе бидат дел и од меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ од 23 до 26 август.