Еурофарм Пелистер останува без „моторот“: Ловро Јотиќ две години во Бенфика!

Хрватскиот интернационалец Ловро Јотиќ нема да го продолжи престојот во Еурофарм Пелистер, иако имаше опција во договорот да остане во Битола уште една сезона.

Јотиќ се сели во португалската Бенфика со која потпиша договор на две сезони. Амбициозниот тим кој ќе го води Чема Родригез претходно ги донесе и Србинот Лазар Кукиќ и Словенецот Матиц Сухолежник.

„Фармацевтите“ ќе треба одново да составуваат конкурентен тим, со оглед на тоа што хрватскиот интернационалец беше меѓу носителите на играта.

За настапите на меѓународна сцена догодина, Еурофарм Пелистер ќе мора да ангажира доволен број на играчи, со кои тренерот Жељко Бабиќ ќе може да ги оствари амбициите на клубот.