Еурофарм Пелистер не успеа, Нексе оди на дуел со Вардар

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во деби сезоната го совладаа тимот на нексе со 24:22, но тоа не беше доволно за севкупен триумф, па Нексе оди на дуел со Вардар во четврт-финалето.

Натпреварот тргна лошо за тимот на Еурофарм Пелистер. Гостите поведоа со 2:0 после три минути игра, а потоа во следните три дојдоа и до 4:1. Овие три гола ги одржуваа до 10. минута кога домашните направија серија од 3:0 и дојдоа до израмнување од 6:6.

Откако на средината од првото полувреме го имаа првото израмнување на резултатот дојде конечно и првото водство, а тоа се случи во 16. минута со голот на Радовиќ за 7:6.

Од овој момент се влезе во период со игра гол за гол, а првпат два гола разлика тимот на Еурофарм Пелистер имаше во 22. минута кога резултатот беше 10:8. До крајот на првото полувреме со добра игра во одбраната и неколкуте интервенции на Никола Митревски се стигна до предност од три гола за на одмор да се замине со 13:10 и да се има анулирано разликата од првиот меч со која гостите дојдоа на овој дуел.

Продолжението донесе игра во која резултатот главно се движеше меѓу три и четири гола. Еурофарм Пелистер беше во предност и имаше контрола, но не успеваше да дојде и до поголема предност.

[soliloquy id=”123460″]

Разликата која носеше во следната фаза тимот на Еурофарм Пелистер ја имаше до десет минути пред крајот. Тогаш водеше со 21:18. Сепак, тука се влезе во криза во нападот. Не одеше најдобро. Имаше грешки, а тоа Нексе го казнуваше и успеваше да дојде до погодоци со кои во 54. минута успеа и да го израмни резултатот на 21:21 така што тука беше загубен чекорот.

Немаше сили за да се издржи и да се дојде до нов удар и да се направи преднсот која носи понатаму, а Нексе знаеше да издржи. Она што се успеа беа два гола предност, кои не беа доволни. Еурофарм Пелистер стигна до 24:22, но тоа беше сè, па радоста беше за гостите од Хрватска.

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – НЕКСЕ               24:22(13:10)

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР: Митревски 1/1 (8 одб.), Чаневски (1 одб.), Ојлески, Маркоски 2/3, Маџовски 3/5, Радовиќ 2/4, Јотиќ 5/9, Вегар 3/3, Кукоски, Велковски 2/6, Остроушко 3/8, Ратајец, Граџан 2/2, Ѓукиќ 1/2, Кузманоски, Петровски.

Седмерци: 0/1, Исклучувања: 4 мин.

НЕКСЕ: Цар (11 одб.), Радовановиќ, Етер 2/2, Милета 1/2, Баришиќ Јаман, Думенчиќ, Греганиќ, Јелиниќ 2/5, Вида 1/3, Северец 5/7, Пешиќ 2/3, Кевиќ 4/6, Томиќ 1/2, Јагањац 1/3, Возаб 1/2, Прибетиќ 2/3

Седмерци: -, Исклучувања: 8 мин.