Еурофарм Пелистер нема да купува голмани – Трајкоски и Чаневски заслужуваат шанса

Битолскиот клуб донесе сезонава повеќе засилувања, но една позиција за многумина остана „да виси“ – голман. Се споменуваа многу играчи, но клубот реши сезоната да ја почне со сопствениот кадар, со Благојче Трајкоски и Градимир Чаневски. Засега купување на нов голман не е во план. Македонската голманска двојка залсужува шанса и истата ќе ја добие.

„Клубот направи сè да го задржи Никола Митревски. Не успеа. Тоа го прифативме како што е. Имаме два други голмани, кои лани покажаа карактер, праведност и трпение. И немаа ниту голема минутажа. Но, тие имаа најдобар ангажман од сите играчи на тренинг. Сметам дека тие луѓе мора да добијат вистинска прилика. Управата се согласи дека треба да добијат шанса. Потоа ќе решиме што понатаму. Верувам во нив и дека нема да имаме потреба да купуваме нов голман. Јас верувам во нив, изјави тренерот Жељко Бабиќ во интервју за 24ракомет ТВ.

Со тренерот Бабиќ разговаравме на различни теми, за квалитетот на тимот, за она што може да очекуваме од нив сезонава, може ли да се симне Вардар од тронот, ќе добијат ли македонските играчи поголема минутажа, ќе има ли уште нови засилувања во тимот…

Погледнете го целото интервју на Жељко Бабиќ.