ИНТЕРВЈУ Жељко Бабиќ: Еурофарм Пелистер сезонава има „опасен тим“

Да не сум тренер на Еурофарм Пелистер и да гледам отстрана би рекол дека клубот има опасни играчи. Тоа се квалитетни ракометари кои можат да играат „еден на еден“, квалитетно во напад, агресивна одбрана. Верувам дека овој тим е добар, дека е одличен, но треба да се види што овој тим може да направи. Дали можеме да го победиме Рајн Некар дома. Ако можеме тогаш ова е добар состав на играчи. Ако не можеме тогаш ростерот може да биде добар, но недоволно за да направиме чекор напред во Европа

Битола повторно има силен тим, како пред некоја деценија, и повторно во името стои Пелистер. Откако Еурофарм реши да ја спои традицијата со квалитетот и визијата, се појави Еурофарм Пелистер кој полека станува сериозен играч. Со доаѓањето на тренерот Жељко Бабиќ, неколку месеци подоцна стигнаа и првите ѕвезди, а клубот има визија и стратегија во наредниот период да игра важна и сериозна улога, не само во македонскиот ракомет.

Со тренерот Бабиќ разговаравме на различни теми, за квалитетот на тимот, за она што може да очекуваме од нив сезонава, може ли да се симне Вардар од тронот, ќе добијат ли македонските играчи поголема минутажа, ќе има ли уште нови засилувања во тимот…

Тимот се подготвува во Маврово каде треба да остане следните две недели. Планирани се настапи на два турнири во Струга и во Грција. Како вице-првак ќе игра во групната фаза од Лига Европа, но засега се уште не ги знае противниците. Останува предизвикот и играњето во СЕХА лигата. Неколкумина нови играчи дојдоа во Битола летово вклучувајќи го и Хрватот Стипе Мандалиниќ, како најзвучно име.

„Целта на клубот е да се оспособат што е можно повеќе играчи, а тие да можат да играат европски ракомет, не само во македонската лига. Сезонава ќе биде најсилна во регионот дефинитивно. Сакаме да создадеме играчи кои ќе играат во Европа. Лигата ќе биде силна и македонските играчи мора да имаат квалитет и за да играат македонска лига. Што е можно повеќе млади играчи да бидат оспособени. Не би се мешал во работата на вториот тим, таму има тренер кој има свој систем на работа. Моја цел е што е можно повеќе млади играчи да стигнат до првата екипа. Секоја квалитетна екипа има силна Б екипа, а тоа се гледа особено во фудбалот, смета Бабиќ.

Задачата на тимот е да го подигне квалитетот на репрезентативците на Македонија во клубот, а со тоа да се подигне и нивото на клубот. Секао целта е да се биде првак на Македонија.

„Вардар е првак и како таков го респектираме и јас и играчите и комплетната структура на клубот. Сепак, сметам дека секој вистински спортист сака да победи и има свои желби. Ќе видиме како ќе биде кога ќе се сретнеме еден ден и ќе видиме кој е подобар.
Да се играше минатата сезона ќе беа тешки средби за двете екпи. Годинава ќе треба да го респектираме и Металург. И тоа е тим кој треба да се почитува. Сепак, сезоната е долга, а ние почнуваме дури во плеј-оф напролет. Ќе видиме како ќе се развиваат работите. Имаме нови ирачи, но има и Вардар. Има нова структура и во управувњето и во играњето.Кој сака да е шампион мора да е одличен во сите полиња, вели Бабиќ.

Кој од голманите ќе добие поголема минутажа, има ли таленти во втората екипа и за колку време тие може да стигнат во првиот тим? Го има ли Бабиќ идеалниот тим? Кого уште посакува? Како ќе се игра ракомет во време на коронавирус?

Погледнете го целото интервју на Жељко Бабиќ за 24ракометТВ.