Еурофарм Пелистер и Загреб ја затвораат групната фаза во СЕХА

Иако веќе беше комплетиран еден дуел од осминафиналето во СЕХА лигата до крајот на групната фаза од оваа сезона остануваат уште два дуели и тоа од групата А, а за истите веќе се договорени двата термини.

Групната фаза ќе биде финиширана со пресметката меѓу Еурофарм Пелистер и Загреб, а истата треба да биде одиграна на 1 јуни. Тогаш во Битола ќе гостува шампионот на Хрватска, а неколку дена претходно ќе биде познато дали тој дуел ќе има некакво значење за првата позиција на табелата.

Според ситуацијата која е актуелна во моментов Загреб е прв со 10 бода, а Еурофарм Пелистер втор со девет и натпревар повеќе.

На 25 мај, ППД Загреб ќе има дуел против тимот на Металопластика, додекана 1 јуни ќе гостува во Битола.