Еурофарм Пелистер директно во група, Бутел и младите битолчани носители во квалификациите за ЛЕ

Европската ракометна федерација денеска го објави рејтингот на екипите што се пријавија за новото издание на Лигата на Европа.

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер доби директно место во групната фаза исто како и претходните две сезони, но ЕХФ објави дека тоа не е според рејтингот, туку е вајлд-карта.

Другите два претставника од Македонија, Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер 2 ќе играат во квалификациите.

Бутелци ќе стартуваат и ќе бидат носители пред ждрепката, додека младите битолчани тргнуваат од првото коло и таму ќе бидат носители, но можат да добијат силни тимови за ривали.

Првото коло ќе се игра на 27/28 август и 3/4 септември, додека второто квалификациско коло ќе се игра на 27 септември и 4 октомври. Групната фаза ќе стартува на 25 октомври.