Еурофарм Пелистер го освои шестото место во Добој

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер за два погодока заостана во битката за петтото место на ТВ турнирот на шампионите во Добој. Подобар од македонскиот тим беше хрватскиот првак Загреб, кој го доби натпреварот со конечен резултат 26-24.
Македонскиот шампион ја заврши првата фаза од подготовките за новата сезона, а овој турнир го искористи за воигрување и одмерување на силите против сериозни противници. Од ТВ турнирот во Добој битолчани се враќаа со победа над Слога, а загубија од африканскиот шампион Ал-Ахли, францускиот ракометен гигант Монпелје и хрватскиот првак Загреб.
На Добој во тек е последниот ден, се играат натпреварите за конечен пласман, финалето на програмата е во 20:00 часот, а ќе играат Барса и Ал Ахли.
Откако ќе се врати во Македонија, Еурофарм Пелистер од вторник ќе учествува на македонскиот ракометен турнир „Крсте Андоновски-Усташ“ во Охрид.