Еурофарм Пелистер го затвори ростерот, сезоната ја почнува со 20 играчи (ФОТО)

Вицешампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер се подготвува за старт на тренинзите и подготовките за новата сезона, а ростерот е веќе затворен и во него се најдо вкупно 20 ракометари.

Тренерот Жељко Бабиќ заедно со своите помошници Божидар Мојсов, Ице Соколески и Александар Марковски.

На секоја позиција се покриени со најмалку тројца ракометари со тоа што на крилните официјално стојат по двајца. Сепак, има играчи кои можат да пополнат на две позиции и како бекови и како крила така што со овој играчки кадар ќе треба да се влезе во новата сезона.

Еурофарм Пелистер ќе има задача да се избори за добри резултати во четири натпреварувања. На домашна сцена ќе игра во Супер машката лига и во Куп на Македонија, а сезоната ќе ја отвори со Супер купот против Вардар. На меѓународна сцена ќе има одново настапи во СЕХА лигата и во Лигата на Европа.