Еурофарм Пелистер го врза левиот бек: Павле Атанасијевиќ во Битола до 2026 година!

Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со еден од најталентираните ракометари во клубот и во Македонија, Павле Атанасијевиќ.

19-годишниот бек ја игра третата сезона во семејтвото Еурофарм Пелистер, прва во тимот кој го предводи Ларс Валтер.

Новиот договор е со важност до јуни 2026 година. Со овој потпис продолжува трендот за доведување и задржување на најталентираните млади македонски ракометари.

„Дојдов пред три години и тоа беше ново искуство за мене. Со тек на време секоја година по година прогресив сè повеќе и повеќе. Прво започнав со тренерот Александар Јовиќ, кој ме упати, а потоа новиот тренер Ларс Валтер ми укажува на грешките и прави да бидам подобар играч. Ми дава мотив да напредувам и да играм подобро. Атмосферата тука е многу убава, посебно кога се игра пред полна сала. За мене ова е големо искуство, посебно кога играме на европската сцена. Тоа е мотив плус за мојата работа“, изјави Атанасијевиќ.

Пртходно нови договори потпишаа стружаните Ненад Костески, Цветан Кузмманоскки и Емилијан Ѓорговски.