Еурофарм Пелистер ги собра великаните – Зарков, Поповски, Николовски… во тимот кој ќе создава европски играчи

Поранешната голманска ѕвезда на Пелистер, а потоа и тренер на клубот и претседател, Стефче Стефановски во интервју за 24 Ракомет зборуваше за новиот предизвик кој ќе го има како координатор на младинската школа на тимот на Еурофарм Пелистер.

Стефановски е одговорен за тимот кој ќе работи со младите ракометари, а во тренерската екипа се наоѓаат неколку добро познати имиња. Станува збор за поранешни играчи на Пелистер, кои беа и на клупата на клубот во минатите неколку години.

„Во тренерскиот кадар доволно зборуваат имињата на Александар Зарков и Михајло Силјанов кои ќе бидат задолжени за младинскиот тим. Тие ќе бидат дел од категоријата на играчи кои би тропале на вратата на првата екипа или на вториот тим на Еурофарм Пелистер. Зад нив ќе бидат Фарук Мемиќ и Александар Марковски. Тука се и Игор Николовски, Кире Поповски… имаме осум тренери кои ќе имаат шанса за да работат. На првиот состанок кажав да се спроведува она што ќе го договориме, а ќе имаме состанок и на 16 или 17 јули кога ќе треба да достават програма. Ќе треба да го кажат своето размислување како да се развива школата и како да се тренира. Во соработка со мене на заеднички состанок ќе треба таа програма да ја пуштиме низ филтер“, вели Стефановски во интервју за 24 Ракомет.

Комплетното интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК.