Еурофарм Пелистер ги „запали“ моторите, тргна во поход за новата сезона (ФОТО)

Тимот на Еурофарм Пелистер кој минатата сезона финишираше на 2. позиција во Супер лигата и загуби во финалето од Купот на Македонија, од денеска е одново во акција, а ракометарите почнаа со тренинзи така што ќе биде активно во продолжение на летото.

Ракометарите денеска ги почнаа тренинзите во Битола, но за разлика од втората екипа првиот тим ќе остане само четири дена во базата бидејќи веќе в петок комплетниот тим заминува за Маврово каде што ќе се тренира една недела.

Составот на Еурофарм Пелистер го очекува напорно лето, а веќе на 11 јули е првиот голем натпревар односно средба за пехар. Тоа е дуелот против Вардар од Супер купот на Македонија.

Потоа ќе следува учество на струшкиот турнир, а на 21 јули е првиот натпревар од четврт-финалето во СЕХА лигата против Мешков Брест.

Еурофарм Пелистер почна со тренинзи

И првиот тим на Еурофарм Пелистер означи почеток на подготовките за новата сезона. Ракометарите на тимот од Битола се со изменет состав од лани, со неколку нови ракометари, но и дел заминати. Ова ќе биде долг шампионат, па затоа мора добро да се подготват за претстојната сезона. Тренинзите почнаа во Битола, а веќе в петок продолжуваат во Маврово.

Веќе се добро познати новите ракометари во тимот. Летово пристигнаа: Марко Кизиќ (Вардар), Рение Табoaда (Данкерк), Јосип Божиќ-Павлетиќ (Гепинген), Филип Ивановски (Еурофарм Пелистер 2), Мартон Секељ (Порто) и Немања Обрадовиќ (ППД Загреб). Тимот го напуштија: Марин Вегар, Дарио Петровски, Градимир Чаневски, Карим Хендави,  Благојче Трајковски и Невен Стјепановиќ.