Есбјерг триумфално против Мец, Битингхјам продолжува во победнички ритам

На денешната програма во Лига на шампионите во женска конкуренција се одиграа четири натпревари, со што беше комплетирано 5. коло во најквалитетното натпреварување кај дамите.

Екипата на Есбјерг, која во минатата сезона заврши на 4. позиција на Ф4 турнирот во Будимпешта, откако беше поразена од Мец, денес токму против францускиот тим оствари убедлива победа со 35:28.

Свое голгетерско шоу во победничката екипа имаа Кристине Брејстол и Хана Рејстад, кои постигнаа по девет, односно осум погодоци. Во таборот на Мец прв стрелец беше Кристина Јоргенсен со седум гола.

Битингхајм продолжува во победнички ритам и пред своите фанови беше подобар од словенечкиот шампион Крим со 30:23. Германскиот претставник во Лигата на шампионите се уште се наоѓа на првата позиција во групата А.

Победа во денешните натпревари остварија и екипите на ЧСМ Букурешт и Ѓер. ЧСМ Букурешт на свој терен го декласираше Бањик Мост со 40:25, а Ѓер, исто така одигра одличен натпревар против Сторхамар триумфирајќи со 35:21.

РЕЗУЛТАТИ ОД 5. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛШ

ГРУПА А

ЧСМ БУКУРЕШТ – БАЊИК МОСТ 40:25 (25:13)

БИТИНГХЈАМ – КРИМ  30:23 (15:14)

ФЕРЕНЦВАРОШ – ВАЈПЕРС 26:26 (12:14)

БРЕСТ БРЕТАЊ – ОДЕНСЕ 21:25 (8:16)

ГРУПА Б

СТОРХАМАР – ЃЕР 21:35 (13:15)

ЕСБЈЕРГ – МЕЦ 35:28 (18:12)

КАСТАМОНУ – ЛОКОМОТИВА 26:23 (16:11)

БУДУЌНОСТ – РАПИД БУКУРЕШТ 30:30 (13:10)