„Ер Струга“ леташе во Битола и во Прешов – Костески му даде 21 гол на Татран!

Македонскиот репрезентативец Ненад Костески игра во одлична форма во клучниот период од сезоната.

Тој постигна 21 погодок на четвртфиналниот двомеч меѓу Еурофарм Пелистер и Татран Прешов од дивизијата „Југ“.

Стружанецот на првиот натпревар во Битола постигна десет погодоци, додека на реваншот во Прешов даде 11, и тоа сите од игра.

Битолчани можат да бидат задоволни од формата на десното крило во периодот кога следуваат клучните натпревари од сезоната.

Еурофарм Пелистер го чека двобој со рускиот првак Чеховски Медведи, за место на завршниот турнир во СЕХА лигата.