ЕП 2022: Без дебитанти, 6 поранешни шампиони и 65 натпревари

На прагот сме на почетокот на Европското првенство на кое домаќини се Словачка и Унгарија. Македонија уште еднаш е дел од овој континентален собир кој ќе се одржи во мнгоу тешки и невообичаени услови.

Во продолжение ќе издвоиме некои интересни податоци поврзани со европските првенства одржани до сега и репрезентациите кои учествуваат.

0 – репрезентации од 24 учеснички се дебитанти

0 – ракометари на Европско првенство биле надјобар стрелец два пати

1 – репрезентација како домаќин го освоила златото ЕП, тоа е Шведска во 2002 година, додека четири селекции имаат стигнато до финалето но загубиле Шпанија (1996), Словенија (2004), Србија (20120) и Данска (2014).

1 – селектор има освоено златен медал со странска репрезентација, тоа е Исланѓанецот Дагур Сигурдсон кој со Германија беше еврпоски шампион во 2016 година.

1 – селектор бил европски шампион и со машка репрезентација 2008 и 2012 година и со женска репрезентација 1994 и 1996 година, а тоа е Улрик Вилбек со Данска.

1 – селектор го освоил ЕП четирипати, Бенгт Јохансон со Шведска во 1994, 1998, 2000 и 2002 година, зад него е Клод Онесна со три титули со Франција 2006, 2010 и 2014 година.

1 – ракометар на ЕП го освоил златото и бил најдобар стрелец, тоа е Ларс Кристијансен со репрезентацијата на Данска на ЕП 2008.

2 – селектори ќе имаат можност на ЕП 2022 да го освојат злантиот медал и како играчи и како тренери, Гијом Жил со Франција како играч го освои ЕП и Љубомир Врањеш кој ја предводи Словенија а има златен медал со Шведска.

2 – две репрезентации го имаат одбрането златото на ЕП и триумфирано на последователни првенства, Шведска во 1998, 2000 и 2002 и Шпанија 2018 и 2020 година.

2 – ракометари биле МВП повеќе од еднаш на ЕП, Ивано Балиќ во 2004 и 2006 година и Никола Карабатиќ во 2008 и 2014 година.

2 – арени се непосредно отворени еден месец пред почетокот на првенството, во Будимпешта и Сегедин.

2 – по две репрезентации поминуваат во главната фаза од секоја група

3 – репрезентации учествувале на сите ЕП од 1994 година, Шпанија, Хрватска и Франција.

3 -земји имаат освоено цел сет медали на ЕП (златен, сребрен и бронзен), Германија, Данска и Шпанија

3 – репрезентации кои ќе завршат на првите места ќе обезбедат пласман на првенството во 2024 година во Германија.

3 – пати репрезетнативец на Чешка бил најдобар стрелец на ЕП, Јан Филип (1998), Филип Јиха (2010) и Ондреј Здрахала (2018).

4 – репрезентации без пораз во квалификациите обезбедија пласман на ЕП, Шведска, Германија, Србија и Русија, додека Шведска и Германија беа перфектни со сите победи

4 – репрезентации се пласираа на ЕП 2022 како најдобро третопласирани во квалификациските групи, Босна и Херцеговина, Полска, Литванија и Украина

4 – пати Шпанија загуби во финалињата на ЕП (1994, 1998, 2000, 2002) пред да го освои првото злато на ЕП 2018. Хрватска има загубено три финалиња (2008, 2010 и 202)

5 – шведски ракометари имаат по четири златни медали од ЕП, Ола Линдгрен, Штафан Олсон, Стефан Ловгрен, Магнус Висландер и Мартин Франдесјо, а единствен кој може да ги достигне е Никола Карабатиќ доколку Франција биде шампион и тој ќе има четири златни медали

5 – градови ќе бидат домаќини на ЕП 2022, Будимпешта, Дебрецин и Сегедин во Унгарија и Братислава и Кошице во Словачка

6 – земји имаат злато на претходните ЕП, Шведска 4, Франција 3, Шпанија, Германија и Данска по 2 и Русија 1

7 – различни тренери биле шампиони на ЕП, Бенгт Јоханесон  – Шведска (4), Клод Онеста – Франција (3), Улрик Вилбек – Данса (2), Жорди Рибера – Шпанија (2), Владимир Максимов – Русија, Хајнер Бранд, Дагур Сигурдсон – Германија.

8 – медали има освоено Шпанија на ЕП, следни се Данска и хрватска со по шест медали

18 – парови судии се делегирани за Европското првенство 2022

20 – е серијата на Германија без пораз на Европските превенство

22 – од вкупно 24 репрезентации игра на претходното ЕП, Словачка и Литванија се на местата на Летонија и Швајцарија

24 – е бројот на учесници на ЕП по вторпат откако и претходното имаше исто толку земји учеснички

63 – натпревари има одиграно Никола Карабатиќ на ЕП од првото учество во 2004 година со што е играч со најмногу настапи

65 – натпревари ќе се одиграат на Европското првенство 2022, 36 во прелиминарната рунда, 24 во главната рунда и две полуфиналиња, натпревар за 5. место, меч за бронзен медал и за златен медал

65 – гола постигна Сандер Сагосен на ЕП 2020 со што стана рекордер со најмногу голови на едно ЕП и го надмина Кире Лазаров кој постигна 61 гол на првенството во 2012 година

288 – гола на 11 последователни учества од 2000 до 2020 има постигнато Исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон со што е играч со најмногу голови на ЕП пред Никола Карабатиќ кој има 264 погодоци.