„Енди Шмит би бил идеално решение за тренер на Рајн Некар“

Бундеслигашот Рајн Некар Левен следната сезона го очекува промена на тренерската позиција. Досегашниот тренер, Мартин Швалб по завршувањето на оваа сезона ќе ја напушти тренерската функција во екипата и ќе се врати во некогашниот европски шампион Хамбург.

Поради тоа, раководството на клубот од Манхајм активно работеше во пронаоѓањето на квалитетен тренер претходниот период. Клубот е во преговори со тренерот на Бергишер, Себастијан Хинце. Како можни кандидати се споменуваат и имињата на Кристијан Берге, Дагур Сигурдсон и Глен Солберг.

Сепак, Себастијан Хинце и Рајн Некар Левен се блиску до соработка и веројатно ќе постигнат договор. Но, Хинце со екипата на Бергишер има договор на уште една сезона. Тоа ќе го принуди раководството на Рајн Некар Левен да бара привремено решение пред да дојде Хинце.

Еден од легендите на германскиот ракомет, Штефан Кречмар во интервју за домашните медиуми ја коментираше ситуацијата во Рајн Некар Левен и изјави дека Енди Шмит би бил идеален кандидат и добра замена за Мартин Швалб на тренерското место.

„Мислам дека во иднина, Себастијан Хинце ќе стане тренер на Рајн Некар Левен. Но, сигурен сум дека Бергишер нема да го ослободи пред истекот на договорот во 2022 година. Клубот ќе сака да игра под негово водство и следната сезона. Енди Шмит може привремено да стане тренер на клубот и да престане да игра. Голем број на луѓе рекоја дека доколку Шмит имаше некое искуство како тренер и беше малку постар, тој веднаш ќе беше на чело и ќе беше идеално решение за тренер на Рајн Некар. За неколку години тој би бил одличен тренер”, изјави Кречмар.