Елек ќе има нова улога, стана спортски директор на третолигаш!

Довчерашниот тренер на Ференцварош Габор Елек, кој 15 години беше на чело на европскиот вицепрвак, стана спортски директор на клубот Естергом.

Се работи за клуб кој настапува во третото по ранг натпреварување во Унгарија и има амбиции да обезбеди пласман во Втората лига.

Елек истакна дека неговата сопруга Жита Сучански, која ја заврши својата играчка кариера доколку е потребно ќе може да му помогне на тимот како тренер за физичка подготвеност.

52-годишниот тренер во периодот од 2007, па до оваа сезона работеше во клубот од унгарската престолнина.

Под негово водство Ференцварош трипати го освои трофејот во домашниот Куп и двапати националната титула.

Изминатата сезона клубот го направи најголемиот успех откако е воведен новиот формат во Лигата на шампионите и стигна до пласман во финалето, но не успеа да го освои златото.

Нов предводник на некогашиот голем ривал на Кометал ЃП ќе биде Мартин Албертсен од Данска.