Екс тренер на Вардар кандидат за селектор на Црна Гора

Некогашниот тренер на Вардар, Перо Милошевиќ, покрај клупскиот би можел да има и репрезентативен предизвик, пишува „Побједа“.

Милошевиќ, кој сега е тренер на романскиот клуб Бузау, е еден од кандидатите за селектор на женската селекција на Црна Гора со оглед на тоа што по Европското првенство, од клупата ќе си замине Пер Јоханнсон.

Покрај него, во конкуренција се Бојана Поповиќ, која е помошник во тимот на Будуќност, сегашниот помошник на Јохансон – Адриан Василе, како и екс селекторот на Полска и Унгарија – Данецот Ким Расмусен.

Расмусен седеше кратко на клупата на ЖРК Вардар, а сега е тренер на полскиот тим Перла Лублин.

Новиот селектор на Црна Гора ќе има големи предизвици следната година, бидејќи следуваат квалификациите за Олимписките игри, како и Светското првенство во Шпанија.