Екс-тренерот на Вардар доби добра вест, Унгарија мора да му плати обесштетување

Стратегот на тимот на Глорија Бистрица, поранешниот тренер на Вардар, Ким Расмусен го доби спорот со Ракометната федерација на Унгарија после процесот кој траеше речиси две години.

Расмусен поднесе тужба поради незаконско разрешување од функцијата селектор на женската репрезентација на Унгаирја на крајот од Мундијалот во 2019 година. Пред тој турнир потпиша договор на четири години, а истиот беше раскинат после скандалозните изјави против судиите и делегатот на еден од натпреварите. Расмусен беше дисквалификуван поради недолично однесување.

Според тренерот од Данска, главните лица од Ракометната федерција на Унгарија ја искористиле дисквалификацијата како мерка за негово отпуштање без паричен надомест. Правниот систем на Унгарија беше на страната на Унгарецот, па ќе мора да му биде исплатено обесштетување за одлуката.

„Драго ми е што правдата е задоволена. Ми се симна тежок товар од рамениците. Среќен сум и се чувствувам олеснето. Секако, можеби ќе има жалба, но добрата вест е што после две години случајот конечно е многу близу до завршница. Ова беа две многу турбулентни и тешки години кои оставија голема трага кај мене“, вели Расмусен.

Од Ракометната федерција имаат право на жалба, па процесот може да потрае уште некое време.