Екс-репрезентативка на Македонија на клупата на машкиот тим на Куманово

Во продолжение од сезоната машкиот тим на Куманово ќе биде предводен од нов стручен штаб, а она што е интересно е дека дел од него ќе биде и поранешна репрезентативка на Македонија. Наташа Младеновска, која сега го носи презимето Ѓорѓевиќ ќе го има првиот посериозен тренерски испит бидејќи добива можност за работа во сениорски тим.

Младеновска ќе работи заедно со Александар Јанчиќ, кој е поставен за тренер на Куманово. Се работи за поранешен ракометар на овој клуб, кој веќе извесно време работи како тренер.

Во стручниот штаб ќе биде и добро познатиот стратег од Куманово, Миодраг Јовановски-Црни, кој долго време беше предводник на женската екипа. Инаку, тројцата заедно работеа во Карпош Вардар, но сега комплетно преминуваат во Куманово и таму продолжуваат со работа со машкиот состав.

Наташа Младеновска е само уште една ракометарка која остави трага во репрезентацијата на Македонија која добива шанса да работи како тренер на сениорски тим. Сепак, една од малкуте е која ќе работи во машка екипа. Во моментов машки состав предводи и Андријана Будимир, но таа е со кадетите на Вардар. Добро е познато дека Билјана Црвенкоска беше му помошник во машкиот тим на Роберто Парондо минатата година.

Со ова бројот на дами тренери во Македонија се зголемува што е секако одлично и за тренерската професија.