Екс репрезентативец на Црна Гора го презема Ловќен

Еден од легендите на црногорскиот ракометар, Игор Марковиќ, кој во сезоната што измина ја заврши својата ракометна кариера на 41 година, во следната сезона ќе го предводи поранешниот шампион на Црна Гора, Ловќен.

Марковиќ ќе ја има задачата да го врати Ловќен на победничките патеки, откако минатата сезона клубот не успеа да ја одбрани титулата во националниот шампионат. Искусниот ракометар кариерата ја заврши токму во екипата на Ловќен, со која го освои Купот на Црна Гора.

Прославениот црногорски ракометар во 2004 година беше дел од тогашната репрезентација на Србија и Црна Гора, која беше под водство на Веселин Вујовиќ. По осамостојувањето на Црна Гора, Марковиќ даде голем придонес во црногорската репрезентација. Клупата на Ловќен ќе ја преземе од тренерската палка на довчерашниот тренер, Душко Милиќ.

Новиот тренер на Ловќен, моментално, ја извршува селекторската функција во женската јуниорска репрезентација на Црна Гора. Со јуниорската црногорска репрезентација ќе настапи на јуниорското првенство во Словенија, кое започнува денес, а ќе трае до 3 јули.