Екс ракометар на Пелистер се врати дома

Поранешниот ракометар на битолски Пелистер, Огњен Лековиќ, по три сезони играње во странство, се врати дома.

Десниот бек од Црна Гора го засили Рудар Плевља, кој остана без петмина играчи и ќе се обиде да му помогне на матичниот клуб, пишува „МНЕ Рукомет“.

Лековиќ, кој ги мина сите младински репрезентации на Црна Гора, играше за српски Партизан, Пелистер и холандскиот Волендам.

Покрај десниот бек Лековиќ, тимот на Рудар Плевља го донесе и Филип Рачковиќ од Даниловград.