Екс вардарец се сели во Унгарија

Поранешниот член на Вардар, Домен Сикошек Пелко, ќе има нов интернационален предизвик во својата кариера.

Кружниот напаѓач по една сезона мината на Кипар, поточно во Анортозис Фамагуста, во следните две сезони ќе настапува во унгарскиот шампионат.

Словенецот потпиша двегодишен договор со Балатонфуреди и со своето стекнато интернационално искуство се очекува да биде од голема помош во тимот, кој повторно ќе игра во Европа.

25-годишниот Сикошек Пелко во сезона 2019/20 го носеше дресот на Вардар. Иако имаше можност да го продолжи договорот со ,,црвено-црните”, сепак двете страни не се договорија на нова соработка.

Во својата кариера беше дел и од екипите на Тримо Требње, Брик, Фленсбург, Ла Риоха, Луцерн и Трембле.