Екс играч на Пелистер ќе има нов клуб во Шпанија

Поранешниот играч на Пелистер, Србинот Михајло Митиќ кој од Битола замина во шпански Кањас, после две сезони го напушта клубот летово, но останува во Асобал лигата.

Новиот клуб на Михајло Митиќ сè уште не е познат, но како што истакна тој неговата плата ќе биде скоро двојно поголема од таа во Кањас. 23 годишниот ракометар настапува на десната бековска позиција.

Митиќ во првата сезона во Асобал лигата во дресот на Кањас постигна 47 гола, а во досегашниот дел од сезоната до прекинот има постигнато вкупно 62 гола и е најдобар стрелец во својата екипа.

Сепак Кањас е на последната позиција на табелата и е многу блиску до испаѓање, но за Митиќ тоа не е толку важно бидејќи со новиот клуб и наредната сезона ќе биде дел од најдобрата лига во Шпанија.