Екс голман на Струга се врати по тешката повреда – веднаш на првиот меч стана МВП!

Поранешниот голман на Струга, Никола Матовиќ, кој на Европското првенство во Унгарија и Словачка заработи повреда на коленото и паузираше подолг временски период, имаше одличен камбек на терените.

Голманот на репрезентацијата на Црна Гора откако ја напушти Струга се пресели во редовите на шведскиот второлигаш Амо и во првиот натпревар за неговиот нов клуб веднаш покажа дека ќе биде еден од клучните алки во тимот.

Амо запиша убедлив триумф против Римбо, со резултат 40:24, во натпревар од втората лига во Шведска, а најзаслужен за високата победа беше токму екс голманот на Струга.

Матовиќ во натпреварот против Римбо имаше 38% успешност на одбранети топки, со што беше прогласен за МВП на мечот.

24-годишниот голман во Струга настапуваше во минатата сезона, но поради повредата од ЕП не беше во можност да настапува во пролетниот дел од сезоната. Во регуларниот дел од минатата сезона беше избран за најдобар голман во македонската елита.