Екс голманка на Металург ќе брани и на 37 години

Поранешната голманка на Металург, Наташа Савко, која со тимот од Автокоманда ја освои титулата во Македонија во 2012 година, ќе биде активна на терените и во новата натпреварувачка сезона.

Искусната голманка има 37 години и поседува големо искуство, кое го стекна со настапот во неколку европски екипи. Поради одличната форма, некогашната голманка на Металург одлучи да продолжи во новата сезона, во која ќе го брани голот на Напредак од Крушевац.

Станува збор за клуб кој е составен од млади и искусни ракометарки и клуб кој во минатата сезона избори пласман во најсилното натпреварување во Србија.

Новиот клуб на Савко во првото коло од домашниот шампион беше поразен од амбициозната Црвена Ѕвезда.

Савко во својата кариера беше дел и од екипите на Медицинар, Јагодина, Милениум, Чачак, Алба Фехервар, Слобозија…