Екс вардарци и металурзи на списокот кај Херона за последните дуели од евро квалификациите

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Србија, Тони Херона, го објави списокот на ракометари за настап на последните два натпревари во рамки од квалификациите за Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија.

Србија веќе има обезбедено учество на континенталниот собир, со оглед на тоа дека ги совлада Словачка и Финска на првите натпревари. Избраниците на Херона триумфираа и против Норвешка, но во реванш пресметката со скандинавската селекција беа убедливо поразени.

Херона за реванш дуелите против Финска и Словачка се одлучи за 18 ракометари, најголемиот дел од нив се интернационалци, кои играат во најсилните првенства во Европа.

Како награда за добрите партии во дресот на Војводина, повторно репрезентативен повик заработи 19-годишниот кружен напаѓач Лука Роган и две години постариот Никола Зечевиќ од Партизан.

На списокот се екс членовите на Вардар, Металург, Работнички и Охрид: Дејан Милосављев, Вања Илиќ, Мијајло Марсениќ, Илија Абутовиќ, Стефан Додиќ и Предраг Вејин.

Заедно со планираните 18, цело време со репрезентацијата ќе тренираат голманот Милан Бомаштар и десното крило Урош Којадиновиќ.

Голмани: Владимир Цупара , Дејан Милосављев

Леви крила: Немања Илиќ, Вања Илиќ

Пивоти: Мијајло Марсениќ, Драган Пешмалбек, Лука Роган

Десни крила: Богдан Радивојевиќ, Вукашин Воркапиќ

Бекови: Петар Ѓорѓиќ, Илија Абутовиќ, Урош Борзаш, Лазар Кукиќ, Марко Милосављевиќ, Стефан Додиќ, Никола Зечевиќ, Милош Орбовиќ, Предраг Вејин

Ракометарите на Србија реванш дуелот против Финска ќе го одиграат на 27 април. Три дена подоцна, на 30 април, во Нови Сад ќе ја пречекаат Словачка.

Норвешка и Србија имаат по шест бодови во втората квалификациска група, додека Словачка и Финска имаат по 2.