Екс вардарка ќе се проба и во Турција

Некогашната ракометарка на Вардар, Алена Ихнева, во следната сезона ќе настапува за турскиот шампион Кастамону.

Минатата полусезона, во која одигра само неколку наптревару, некогаш големиот талент на рускиот ракомет беше дел од унгарската Кишварда.

Ихнева дојде во Вардар во 2014 година, играше две сезони, но не го покажа потенцијалот со кој располага во тогашниот состав предводен од Индира Кастратовиќ.

Пред да дојде во Вардар, левиот бек од Русија беше член на Лада Толјати, а потоа играше за францускиот Флери Луар и хрватската Подравка.