Екс вардарка вторпат стана мајка, па му се врати на ракометот на 40 години!

Поранешната вардарка Бегоња Фернандез, која мина три сезони во Скопје, одново се враќа на ракометните терени.

Таа потпиша договор на една сезона за тимот на Лавадорес од нејзиниот роден град Виго и ќе се обиде да му помогне да се пласира во елитната шпанска конкуренција.

Откако замина од Вардар таа паузираше и го роди првото дете, а работеше и како медицинска сестра. Пред неколку месеци вторпат стана мајка, но ќе направи камбек на ракометните терени.

Фернандез беше дел од МАР Валенсија, Сагунто, Ичако Естела и Елда Престихио, а на интернационална сцена настапуваше за српскиот Зајечар и за Вардар.