Екс вардарецот Кудуз во чудна ситуација – ќе ја пеам и хрватската химна, Романците нема да ми се лутат!

Поранешниот вардарец Анте Кудуз, Хрват кој има и романски пасош и игра за Романија, ќе биде во непријатна ситуација на претстојното Европско првенство во Германија.

Левиот бек кој со Романија избори место на континенталниот собир ќе мора да се соочи со Хрватска, за која последен пат играше во 2019 година.

„Ќе ја пеам и хрватската химна на цел глас. Тоа нема да им пречи на моите Романци“, изјави за „24 Сата“ „хрватскиот Хансен“.

Селекцијата на Романија по низа неуспешни обиди успеа да се пласира на ЕП дури по 28 години, откако последен пат беше дел од континенталниот собир во 1996 година.

Во групата на ЕП покрај Романија и Хрватска, се најдоа и Австрија и Шпанија.