Екс вардарецот има нов клуб: Горпишин потпиша за Лудвигсхафен

Официјалниот сајт на германскиот Лудвигсхафен, објави дека е постигнат договор со рускиот пивот Сергеј Горпишин за новата сезона.

Поранешниот играч на Вардар, минатата сезона ја мина во ЦСКА Москва, но соработката не ја продолжи и се врати во Германија.

25-годишниот руски интернационалец во Лудвигсхафен ќе го замени Кристијан Климек, кој мора да оди на операција на окото.

Горпишин веќе дебитираше за германскиот тим на мечот со Постдам, a ова за него е камбек во клубот каде што веќе играше во 2020 година.

Покрај за Вардар, ЦСКА Москва и Лудвигсхафен, Горпишин беше на два пати дел од Ерланген, како и Римпар и Спринге.