Екс бекот на Металург нема да игра во Египет!

Репрезентацијата на Австрија ќе биде сериозно ослабена на претстојното Светско првенство во Египет кое ќе стартува на 13 јануари.

По левиот бек Никола Билик, селекторот Алеш Пајовиќ, остана без десниот бек на Гумерсбах, Јанко Божовиќ.

Некогашниот најдобар стрелец на Металург, има повреда на Ахиловата тетива и нема да патува на Мундијалот.

Како замена за Божовиќ, селекторот Пајовиќ го повика искусниот Максимилијан Херман, кој ќе ја покрива десната бековска позиција со Борис Живковиќ.

Австрија ќе игра во групата Е заедно со САД, Норвешка и Франција.