Едниот Карабатиќ останува во ПСЖ, а другиот…

Раководството на ПСЖ планира да го продолжи договорот со францускиот репрезентативец Лука Карабатиќ.

Тој има договор уште на една сезона, до летото 2022 година, кој според „Л’екип“ треба да биде продолжен за уште две години, односно до 2024 година.

Неговиот брат Никола Карабатиќ има договор до 2022 година, тогаш тој ќе има 38 години, па ПСЖ ќе преговара за евентуална нова сорботка со него дури кога ќе се врати на терените.

За него сезоната е завршена, откако направи операција на десното колено лани во октомври, но и без него, ПСЖ обезбеди место на Ф4 во Лигата на шампионите и се наоѓа пред одбрана на титулата во Франција.