Една селекција го откажа учеството на турнирот во Шпанија, корона ја „нагриза“ и Чешка

Селекцијата на Јапонија го откажа учеството на пријателскиот турнир во Шпанија, поради позитивни случаи на коронавирус во нивните редови.

Покрај домаќинот Шпанија, на турнирот ќе играат и репрезентациите на Иран и Полска, па ќе бидат одиграни само три меча наместо шест.

Јапонците пред Нова Година играа на турнир со Полска и Холандија, па нема да биде изненадување ако и во овие две селекции се појави некој случај.

На денешното тестирање беа потврдени и два позитивни случаи во репрезентацијата на Чешка, од кои еден член на стручниот штаб и еден ракометари.

Тие веднаш се изолирани, а утре ќе има повторно тестирање на сите ракометари. Чешка е во група со Шпанија, Шведска и Босна и Херцеговина.