Една група од Супер лигата заврши, плеј-оф групата почна да се пополнува

Тимовите коишто се натпреваруваат во Групата А од Супер машката лига од вчера се на одмор бидејќи беше финиширан есенскиот дел од полусезоната.

Со натпреварот меѓу Јуниор Кисела вода и Струга беше одработена последната задача за тимовите од Групата А така што веќе е формирана комплетната табела. Сите натпревари и покрај многуте проблеми со одлагања поради пандемијата со Ковид 19 се веќе одиграни, па јасно е како стојат работите.

Охрид, Пролет 62 и Струга со обезбедувањето на плеј-оф местото веќе си го загарантираа учеството во Супер лигата и за следната сезона бидејќи плеј-офот носи и опстанок. За Охрид и Пролет се очекуваше да бидат близу до плеј-оф, а стружани успшеаја да одиграат одлично со оглед на тоа што се екипираа во текот на сезоната. Искористија шанса и дојддоа до посакуван резултат.

Долго близу до плеј-оф беа и ракометарите на КЛ 7, но младите момци во последните средби не успеаја да го одржат ритамот, па останаа на 4. позиција, која, сепак, не носи место во разигрувањето за титулата и позициите во Европа.

Во плеј-аутот, а со тоа и во разигрувањето за опстанок во Супер лигата завршија КЛ 7, Радовиш, Јуниор Кисела вода и Астраион. Тие ќе имаат тешка задача напролет бидејќи само првопласираниот во плеј-офот обезбедува опстанок.

Следува пауза, а деновиве треба да финишира и другата група каде што останаа уште средби за играње, па тогаш ќе бидат комплетирани и плеј-оф и плеј-аут групите.

Како изгледа табелата во Групата А после одигрувањето на сите натпревари можете да видите во продолжение.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115