Една грижа помалку за Валтер: Хосни се врати во ростерот на Еурофарм Пелистер

Тунискиот десен бек Усама Хосни се врати во ростерот на македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер по пауза од еден месец.

Тој се повреди на дуелот со Агуаш Санташ во Португалија, па пропушти четири меча од Суперлигата и еден од Лигата на Европа.

Тунижанецот можеби нема да добие полна минутажа на дуелот со Мотор Запорожје од тренерот Ларс Валтер, па Мирко Радовиќ веројатно ќе биде прв избор на десната бековска позиција.

Се уште надвор од комбинација е Мартин Велковски, Мохамед Суси е на рехабилитација по операцијата, додека повреден е и Руди Сери.

Мечот меѓу Мотор Запорожје и Еурофарм Пелистер ќе се игра утревечер во Диселдорф со почеток во 18:45 часот.