Еднаш вардарец, засекогаш вардарец: Карачиќ со порака – Браво браќа! (ФОТО)

Македонскиот шампион Вардар покажа уште еднаш покажа дека никогаш не смее да биде отпишан.

Во луда завршница, „црвено-црниот“ тим најпрво се врати од негатива од шест погодоци, а потоа и на пенали го елиминира Загреб со победа, 30-29.

Честитки за големата победа на вардарци пристигнуваа од сите страни, а на своите некогашни соиграчи им честита и Игор Карачиќ.

„Браво браќа“, напиша хрватскиот ас кој го носи дресот на Киелце.