Еден од најдобрите стрелци во СЕХА лига се пресели во Бундес лигата

Левото крило Милош Грозданиќ во оваа сезона ќе има нов предизвик во кариерата и ќе настапува за бундеслигашот Кобург.

Грозданиќ, кој како член на Војводина беше најдобар стрелец во регионалната СЕХА лига во сезоната 2018/19, потпиша со Кобург до 2022 година.

Тој потекнува од тимот на Врбас, а во последните пет сезони беше дел од српскиот шампион Војводина и беше меѓу најдобрите играчи на тимот од Нови Сад.

Ова ќе биде прво интернационално искуство за левото крило кое се најде на списокот на селекторот Тони Херона за настап во евро квалификациите.