Еден куп проблеми пред Португалија – Танкоски и Пешевски неизвесни за настап!

Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, се соочува со еден куп проблеми пред квалификацискиот двомеч со Португалија.

Најновите се повредите на членовите на Еурофарм Пелистер, средниот бек Марио Танкоски и пивотменот Жарко Пешевски.

Лазаров најави дека по консултации со докторскиот тим ќе биде одлучено дали тие ќе можат да настапат, а доколку не, ќе повика нови ракометари.

Претходно и Филип Талески откажа настап поради приватни причини, а Павле Атанасијевиќ исто така ќе го прескокне овој двомеч. Дејан Манасков и Гоце Георгиевски не се најдоа ниту на поширокиот список.

Македонија и Португалија првиот меч ќе го одиграат во Скопје на 9 март, додека реваншот е во Матосињос на 12 март.